Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Автомобил на годината во Македонија за 2018

По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на

*Dacia Duster.

Read more ...

Одберете го осигурувањето на автомобил коешто ви обезбедува најдобра покриеност и коешто најдобро ќе ве заштити вас, вашето возило и вашите патници.

Што претставува полисата за Каско осигурување?

За да ја разбереме важноста на Каско осигурувањето, потребно е да го имаме на ум следниов пример. Сите знаеме дека секој автомобил регистриран за сообраќај мора да биде осигурен, односно дека за да добиете печат во сообраќајната мора да поседувате полиса. Меѓутоа, само малкумина точно знаат каква е таа полиса и од што нѐ осигурува.

Полисата за регистрација е всушност полиса за осигурување од автомобилска одговорност, што значи дека со неа се осигурува вашата одговорност како возач во случај да нанесете штета на трето лице. Во тој случај, наместо вас како причинител, трошоците за поправка ги сноси осигурителната компанија.

Но, кој ќе го поправи вашиот автомобил? Полисата за автоодговорност се однесува само на возилото на оштетениот, а не и на возилото на причинителот. Токму тука доаѓа до израз важноста на Каско полисата. Каско полисата ги покрива штетите исклучиво на возилото на осигуреникот, кои настанале како последица на негова или туѓа одговорност, или на виша сила.

 Кои ризици се опфатени со Каско осигурувањето?

Со Каското можете да го заштитите Вашето возило од уништување или оштетување предизвикано од следните ризици:

Сообраќајна незгода, кражба и противправно одземање, злонамерни постапки, пожар, удар на гром, експлозија, пад или удар на некој предмет врз возилото, временски непогоди (луња, поплава, град, лавина), манифестации и демонстрации.

Во зависност од избраниот пакет за Каско осигурување, вашата полиса ќе ги опфаќа сите или дел од овие ризици. Точното значење на овие ризици, кои ситуации се опфатени со нив и исклучоците од осигурување можете да ги најдете во Условите на осигурувањето кои осигурувачот е должен да ви ги даде на увид при склучувањето на осигурувањето.

Важно е да знаете што точно покрива вашата полиса за да немате недоразбирања со осигурителната компанија во случај на штетен настан.