Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Автомобил на годината во Македонија за 2018

По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на

*Dacia Duster.

Read more ...

По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на

*Dacia Duster.

 

Избран е победникот во изборот за Автомобил на годината во Македонија за 2018

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 23. пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков тип во Македонија.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно (Правилникот за работа) и критериумите на изборот, одреди десет (10) финалисти кои годинава конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2018“.

Листа на финалисти ја сочинуваа
Suzuki Swift
Seat Ibiza
BMW X3
Ford Fiesta
Opel Insignia
Kia Stinger
Nissan Micra
Citroen C3 Aircross
Kia Stonic
Dacia Duster

Годинава право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Возилото што доби најмногу гласови од финалистите освојува еден (1) глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на жирито.
По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на

*Dacia Duster.

Националното Жири се раководеше од шесте критериуми:
- адекватност и понуда на домашниот пазар
- економичност и еколошка прифатливост
- безбедност и примена на технолошки достигнувања
- возни својства
- дизајн
- комфор и опременост

Иако конкуренцијата беше исклучително силна, со критериумот адекватност и понуда на домашниот пазар, Dacia Duster ја направи решавачката предност.

Ова возило доби 3 гласови од жирито, кои поединечно гласаа за овие модели.

Горан Антевски – Dacia Duster
Владимир Ристовиќ – Ford Fiesta
Љупчо Михајловски – Dacia Duster
Агрон Сулејман – Dacia Duster
Глас од финалистите – Opel Insignia

Признание „Томислав Билјарац“
Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија реши од оваа година да воведе и признание „Томислав Билјарац“, што во иднина традиционално ќе се доделува, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.

Наградата ќе се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија . 
Одлуката на Националното Жири за избор на автомобил на годината во Македонија е признанието „Томислав Билјарац“ да му биде доделена на Владо Воиновски од Еуроимпекс.

Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“
1996 Fiat Bravo/Brava 
1997 Renault Megane 
1998 Opel Astra 1998 
1999 Skoda Octavia 
2000 Fiat Punto 
2001 Seat Leon 
2002 Toyota Corolla 
2003 Mazda 6 
2004 Mazda 3 
2005 Seat Altea 
2006 Vоlkswagen Passat 
2007 Opel Corsa 
2008 Kia Cee`d 
2009 Volksvagen Golf VI 
2010 Opel Astra IV 
2011 Hyundai iX35 
2012 Кia Rio 
2013 Seat Leon 
2014 Skoda Octavia 
2015 Ford Mondeo
2016 Skoda Superb
2017 Kia Sportage
2018 Dacia Duster